Технологијата на Etranet Loyalty решенијата

  • Без потреба од инсталација и одржување на „in house“ апликативни решенија, се користи web portal или web gateway за пристап до EFTPOS терминалите со администрација на системот преку корисничкиот web portal. На тој начин се минимизираат трошоците при максимална расположивост на системот 24 часа дневно, 365 дена во годината. Loyalty серверот е главниот дел од системот на кој се поврзуваат трговците преку интернет било да користат EFTPOS терминал, web конзола или интегрирано решение со платна апликација. Сите податоци во базата на Loyalty серверот се ажурираат во реално време. Посебно креирани и прилагодени web страници со дефинирани кориснички привилегии овозможуваат различни активности на администраторскиот портал на трговецот или корисничкиот портал на клиентот."